Saturday, March 12, 2011
Monday, January 3, 2011
Новогодишна пливачка голгота
Датум: 03.01.2011, 09:23
Новогодишна пливачка голгота
Олимпискиот базен во Скопје ќе биде на ремонт подолго време, а пливачите и ватерполистите се насукани на суво затоа што ниеден друг базен во земјава не работи
Над 400 пливачи, маратонци, ватерполисти и пливачки-почетници моментно се оневозможени да работат затоа што пред неколку дена е затворен Олимпискиот базен, а нема друг покриен базен од јавен карактер што работи во земјава. Тренерите и пливачите се согласуваат дека прекинот на работа од над 40 дена, колку што треба да трае ремонтот на Олимписки, е погубен за тренажниот процес.
Состојбата е полоша, затоа што на Олимписки се испразнети и големото и малото корито, а не работи ни базенот Карпош, кој од есеноска се реновира. Пливачите насукани на суво планираат да се снаоѓаат кој како знае.
Репрезентативците Симона Маринова, Горазд Чепишевски, Тијана Тасевска, Дамјан Петровски.., кои се подготвуваат за да бркаат норми за СП во Шангај, се чудат како да го решат проблемот. Најзагрозени се македонските маратонци Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, Илија Стојановски, Игор Димовски, кои се подготвуваат да настапат во Гран при серијата на ФИНА, која почнува во февруари. Токму кога тренинзите им се најпотребни, останаа на суво.
- Исклучително лоша е состојбата. Не работат ни големото, ни малото корито на Олимписки, ни базенот Карпош. Како ќе се натпреваруваме во Гран при серијата? Работиме со месеци и сега сето тоа може да падне во вода затоа што немаме базен - вели Димовски.
Пливачите велат дека Олимписки не известил ниеден клуб официјално дека нема да работи. Едноставно ја испразниле водата. Порано при ремонт на Олимписки пливачите се селеа во Карпош и некако го одржуваа континуитетот. Сега буквално во цела држава нема ниеден базен во функција.
Од Олимписки велат дека малото корито во кое како-така може да се тренира, ќе го пуштат околу 17 јануари.
- С` уште не знаеме кога и дали ќе го пуштиме големото корито. Треба да се договориме за некои работи со државните структури надлежни за овој објект, па потоа ќе видиме како ќе оди работата со полнењето на големото корито - ни велат во Олимписки.
Периодичните неработења на Олимпискиот базен и на базенот Карпош во Скопје во последниве десетина години му нанесоа огромна штета на пливањето како спорт. С` помалку деца решаваат да пливаат, затоа што не знаат кога ќе останат на суво. Покрај тоа, на Олимписки, кога работи, е многу скапо да се плива, затоа што пливачите се принудени да плаќаат за секој тренинг.
Пливањето, од олимписки спорт број еден во државава спадна на ниски гранки. Порано, кога базените работеа редовно, пливачите редовно постигнуваа норми за учество на Летните олимписки игри, а имаше успеси на светски и европски и балкански првенства. Во поново време тоа с` поретко се случува. Норми за ЛОИ веќе нема, а рекордите се с` поретки.
Благоја Георгиевски
Повторно ќе го препливам Ла Манш
ИГОР ДИМОВСКИ - ЧЕТВРТИОТ МАКЕДОНЕЦ КОЈ ГИ ПРЕПЛИВА ВОДИТЕ ВО КАНАЛОТ
Повторно ќе го препливам Ла Манш
Годинава ќе пливам на маратоните од светскиот куп кои ќе ми бидат одлична подготовка за да бидам првиот Македонец што го препливал каналот два пати, но се разбира овој пат со подобро време отколку првиот пат. Тоа треба да се случи некаде во 2012 година
Маратонецот Игор Димовски во годината што измина стана четвртиот Македонец кој успешно го преплива каналот Ла Манш. Тој во студените води на Ла Манш, кој ги дели Англија и Франција мина 13 часа и седум минути. Игор со ова влезе во историјата на македонското маратонско пливање И малкумината кои успеале да го препливаат овој канал. Игор им се придружи на Нико Нестор, кој каналот го преплива во 1959, Атина Бојаџи, десет години подоцна и Томи Стефановски во 2009 година. Сепак, по враќањето од успешно завршената мисија Димовски најави дека планира повторно да го преплива Ла Манш, но со подобро време и да стане првиот кој два пати го препливал Ла Манш.
По вашето враќање од Англија се појавија информации дека повторно ќе се обидете да го препливате Ла Манш. Колку има вистина во тоа?
Веќе на почетокот на ова година со огромната поддршка што ја добив и ја добивам од моите соработници, ќе учествувам на претстојните маратони од светскиот куп кои ќе ми бидат одлична подготовка за да бидам првиот Македонец што го препливал каналот два пати, но се разбира овојпат со време далеку побрзо отколку првиот пат, некаде во 2012 година.
Која беше причината да го препливате Ла Манш ?
- Како за еден алпинист да се искачи на највисокиот врв на светот, така и за секој пливач маратонец најголем сон е да го преплива каналот Ла Манш. Препливувањето беше една од моите најголеми желби, со што се најдов меѓу малкутемина успешни препливувачи на каналот.
Се измени ли нешто во вашиот живот по Ла Манш ?
- Се променија многу работи во мојот живот, не само што влегов во историјата на македонското маратонско пливање туку станав четврти Македонец кој успеал да го преплива Ла Манш, совладувајќи ги сите пречки што се појавија пред мене додека го препливував каналот.
Дали само силниот ветар и струите беа причината да останете повеќе од 13 часа во вода?
Ла Манш пред се е неверојатно искуство за мене кое засекогаш ќе остане во сеќавање. Стартував на 2 август во 3.30 часот по полноќ, тоа значи дека првите неколку часа ги пливав во целосен мрак. Дека ме очекува тешка борба и долг ден знаев уште кога пристигнавме на пристаништето, бидејќи водата беше многу разбранета, имаше големи бранови, а на момент сите помисливме дека бротчето ќе се преврти. На бродот завладеа молк. Повеќе од 15 минути до стартната позиција никој ништо не проговори. Кога го слушнав знакот за влегување во вода, само помислив: "Игор ова е твојата шанса". Каналот го препливав по најтешкиот пат, но не можев да бирам, така ми било пишано, тоа се моите звезди.
Кој беше најтешкиот момент додека го препливувавте Ла Манш и дали по толку многу време минато во вода беше тешко да се испрвите на францускиот брег?
Силниот ветар, големите бранови и дождот што паѓаше подолго време беа полесните пречки што морав да ги совладам. Но, затоа приливот, водените струи ме тераа да чувствувам дека пливам во место, односно како во брза река, многу медузи ме опекуваа по целото тело, ниската температура на водата од 14-15 степени, од која немате како да се одбраните доколку влезете во праг на хипотермија, се главните фактори што го прават препливувањето на 35 километарскиот канал најтежок на светот. Но покрај сето тоа имаше и друг фактор кој ми го отежна патот и ми го направи препливувањето подолго од очекуваното. Денес не можам да ги објаснам препливани 52 км наместо 35 и насоката на препливување, но како и да е сето тоа е сега зад мене. Преостанува само да се сеќавам на успехот што го направив.
Последните 300 метри ги пливавте повеќе од четири часа по што сакавте и да се откажете. Кој ве сопре во таа намера?
- Мислев на моите најблиски, тоа ме движеше напред, тоа беше мојата позитивна мисла. По седум часа пливање имав голема криза, грч речиси на целото тело, дури и на рамениците што дотогаш никогаш го немав почувствувано. Знаев дека ми преостануваат уште 30 минути. Брегот беше на дофат, но тие последни 2 км јас всушност ги пливав цели 6 часа. Избезумен од студената вода ме грееше и ми даваше сила поддршката од екипажот кој беше со мене кој будно го следеше секое мое движење. Патрик Поповски, Емил Угриновски, Зоран Михајлов и мојата сопруга Снежана Димовска. Последните атоми на сила ги добивав преку нивното безрезервно бодрење. Бродот полека ме остави на 200 метри од брегот според правилата и јас пливав сам до брегот исцрпен, премрзнат, паѓајќи неколку пати на плажата на која стигнав, но успеав некако да застанам цврсто на нозете за да се огласи сирената од бродот и да се верификува препливувањето.

Subscribe to:
Posts (Atom)